Верстапен цели да го избегне “Ѕидот на Шампиони“

354

Макс Верстапен е одлучен да го избегне Ѕидот на Шампиони на Канадското Гранд При, откако неговата трка во Монако беше уништена поради контакт со бариерите. Верстапен заврши на 9то место во Монте Карло, откако стартуваше од последната позиција по судар последната тренинг сесија.

Верстапен не учествуваше во квалификациите откако го уништи својот болид, со што ја продолжи серијата на грешки во 2018 година.

Излезот од последниот свиок на патеката Жил Вилнев во Монтреал е уште една тешка точка, а ниту возачи како Михаел Шумахер, Себастијан Ветел и Нико Розберг не беа имуни на истата, покрај други шампиони.

Холанѓанецот треба да надополни многу. Досега има само половина од поените кои ги освои Даниел Рикардо, кој пак е трет во генералниот пласман позади Себастијан Ветел и Луис Хамилтон.

Ширум целата патека, мислам дека последната шикана е најважна од сите. Пристигате со толку голема брзина, а кога ќе притиснете на сопирачките, тие не се доволно загреани, така што мора да бидете внимателни секој пат.

Потоа излегувате од свиокот и сте многу блиску до ѕидот и особено важно е да немате контакт кој може да ги уништи вашите тркала.

Милиметар или сантиметар не прават голема разлика, но не смеете да го допрете ѕидот.

Првите два свиока имаат интересна атмосфера поради публиката во трибините и има мало чувство на стадион, поради што и стартот има посебно чувство.

Трката во 2017 година за мене беше разочарувачка. Морав да се откажам по 10 кругови поради технички проблеми. Нашиот болид каков што е сега би требало да функционира добро во Монтреал и се надевам дека ќе стигнеме до солиден резултат.

Покрај тоа, навистина сум возбуден што се враќаме на Американскиот континент, бидејќи навистина уживам тука, со луѓето, храната и атмосферата – изјави Верстапен.


Верстапен цели да го избегне “Ѕидот на Шампиони“

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>