Верстапен до Хорнер: Изгледа сепак знам како да возам!

2791

Макс Верстапен ќе стартува од третото место на гридот на утрешната трка во Канада, а по крајот на квалификациите преку тимското радио на Кристијан Хорнер му посочи дека “сепак сеуште знае како да вози“.

Пораката беше насочена кон сите критики во последно време кои се однесуваат на неговите инциденти во шесте трки досега во 2018 година.

Слушнете ја радио пораката тука:

  1. Изгледа сепак знам како да возам Макс Верстапен 0:08

Верстапен беше најбрз во сите три тренинг сесии на патеката Жил Вилнев. Тој порази по едно Ферари и еден Мерцедес во последниот квалификациски сегмент, иако направи грешка во свиокот 8 при последниот обид.

Трката ќе ја започне на хиперсофт пневматици, додека Себастијан Ветел и Валтери Ботас ќе сттартуваат пред него со ултра софт компонента.

Не е лошо, можеме да се тркаме. Многу сум среќен со викендот досега. Болидот функционира навистина добро. Знаеме дека во квалификациите ни недостасува брзина, но трето место е одлично за нас. Мислам дека во трката можеме да завршиме добра работа.

Имаме темпо за да конкурираме. Со старт на помеката компонента може да имаме бенефит, патеката е премногу мазна. Во трката мислам дека сме конкурентни – изјави Верстапен.


Booking.com

Верстапен до Хорнер: Изгледа сепак знам како да возам!

11 коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>