Верстапен: Доста сум постигнал за 20 години

143

Четирикратниот победник на трка, Макс Верстапен, вели дека не може да се пожали во однос на тоа каде се наоѓа во својот живот, иако би сакал повеќе победи зад своето име. Холанѓанецот дојде во Формула 1 во 2015 година преку Торо Росо, а веќе следната се најде во сениорскиот Ред Бул со победа уште на првата трка за екипата од Милтон Кинс.

Последниот негов триумф дојде на домашната трка за Ред Бул во Австрија каде водеше од почеток до крај, но поради многуте технички проблеми и негови грешки, во моментов е на 6то место во возачкиот поредок зад својот тимски колега.

На 20 години не можам да се пожалам. Го сакам тоа што го работам, моето хоби стана моја професија и тоа е навистина многу убаво.

Имам уште многу за постигнување пред себе особено во Формула 1, но почетокот на мојата кариера е одличен особено со оглед на возраста.

Сакам да возам и да се тркам, сакам да сум на лимитот. Кога ви оди добро, тогаш сте мотивирани, уживам во таквите моменти, живеам за таквите моменти секој тркачки викенд.

Не знам што носи иднианта, немам кристална топка, текшко е да одговорам, но се надевам дека ми носи многу повеќе победи. Секогаш верувам во себе затоа што сметам дека тоа е најважно – изјави Макс.


Верстапен: Доста сум постигнал за 20 години

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>