Верстапен доби дополнителен казнен поен

721
   

По крајот на Јапонското Гранд При, Макс Верстапен доби дополнителни казнени поени од ФИА за сударот од првиот круг со Кими Раиконен. Покрај 5те секунди кои ги отслужи при првото менување на гуми, холанѓанецот доби и дополнителен казнен поен на својата супер лиценца. Во моментов тој има 8 поени и доколку добие уште четири во Америка, ќе паузира на Мексиканското Гранд При.

Стјуардите за време на трката му дадоа казна за небезбедно приклучување на патеката откако “ја утна“ кривината под притисок од Кими Раиконен, а потоа имаше и контакт со финецот кога се приклучуваше на асфалтот.

Ако следниот пат добијам пет секунди, ќе ја пресечам патеката како што направи Валтери Ботас. Знам точно што ќе направам – нервозно одговори Макс Верстапен по крајот на трката.

Сепак, од неговата суперлиценца ќе биде избришан еден казнен поен на 22 Октомври, поради тоа што истиот е “освоен“ пред 12 месеци.


Верстапен доби дополнителен казнен поен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>