Макс Верстапен верува дека неговото кратко излетување на тревата во првиот свиок додека го “бркаше“ Луис Хамилтон за второ место, не го чинело позиција повеќе на крајот од трката во Мелбурн.

Валтери Ботас дојде до доминантна победа на првата трка оваа сезона додека Хамилтон заврши 21 секунда зад него. Целата акција на трката се случуваше зад финецот, а Верстапен успеа да го нападне Хамилтон за втората позиција, но поради предоцно сопирање тој заврши на тревата и не беше во позиција повторно да нападне.

Штета беше, но сепак мислам дека немаше да го променам крајниот резултат. Ваков старт на сезона и да го предизвикам Мерцедес е доста позитивно за нас. Ова е одлично за тимот по тешкиот петок што го имавме.

Морав да го престигнам Себ за да дојдам на подиум, иако тоа е тешко тука. Задоволен сум со тоа и што го предизвикав Луис за втора позиција. Навистина сум задоволен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.