Верстапен го обвини Ботас за казната

451

Макс Верстапен го обвини Валтери Ботас за нивниот инцидент по кој возачот на Ред Бул заработи казна која тој смета дека не е фер.

Ботас го следеше Верстапен и се тркаа за трето место во првиот стинт. Холанѓанецот беше предупреден дека имал предност преку кратење на првиот свиок, поради притисок од неговиот ривал.

Мерцедес одлучија да го остават Ботас на патеката за да го задржи Кими Раиконен и да му овозможи на Хамилтон да го стигне неговиот сонародник, пред Ботас конечно да влезе во бокс во 36 круг.

Ботас се врати на патеката четири секунди позади Верстапен, кој беше на трето место. Тој се обиде да го претекне во првиот свиок, но имаше контакт и мораше да премине од страна на патеката. Верстапен доби казна од 5 секунди, на која тој реагираше со голем гнев по тимското радио, а на крајот трката ја заврши на петто место позади Ботас и Ветел.

Му оставив доволно простор и ако тој вози кон мене, јас неможам ништо да сторам. Но на крајот јас добив казна за тоа.

Кога тој првпат се обиде да ме претекне, јас отидов прешироко, можеби поради тоа ме казнија. Но и во таа ситуација, не е фер, бидејќи беше моментална. Дозволено е да се вратите кон лево при сопирање, се додека оставите доволно простор за еден болид. Тоа го направив.

Откако ја добив казната, знаев дека нема да му дозволам да ме претекне. Ако веќе ја имате казната, тогаш знаете дека ќе бидете на петто место и нема што да изгубите. Ако Ботас ве претекне, тогаш знаете дека ќе изгубите 2-3 секунди во следните два круга – изјави Верстапен.


Booking.com

Верстапен го обвини Ботас за казната

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>