Макс сака новопоставениот тротоар на 20та кривина во Абу Даби да остане на место и покрај тоа што некои возачи ја “утнаа“ работата во тој дел од патеката.

Холанѓанецот проклиза преку големиот тротоар на средина од тренинг сесијата и тоа му го уништи страничното крило, сето тоа се случи при голема брзина по штоа Макс мораше во гаражата по поправка. Се врати на патеката брзо и го постави второто најбрзо време на денот со само 44 илјадитинки поспор круг од Валтери Ботас.

разбирам зошто тие тротоари се таму и искрено не мислам дека се лоши затоа што во спротивно сите “си играат“ со лимитите на пактеката. јас бев малку над нив во еден момент.

лани исто така можеше да се помине преку тротоарот во одредена мера, сега истиот е повисок и не очекувам да биде проблем на трка затоа што мора да се држиме до лимитот на патеката – објасни верстапен.

Во врска со тренинг сесиите и начинот на кој Ред Бул ги одработи, Верстапен е убеден дека може многу да нападне во последниот сектор.

беше добро, веднаш, од првата серија имав малку забелешки. болидот дефинитивно е одличен во последниот сектр, работи одлично и среќен сум со тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.