Верстапен: Второ место е најдобро што можев

85

Макс Верстапен признава дека иако се обидел да го следи Луис Хамилтон во трката за Голема Награда на Сингапур, втората позиција е најдоброто што можел да го посака. 

Верстапен ја стартуваше трката од првиот ред на гридот, но беше нападнат и претекнат од Себастијан Ветел во првиот круг. Сепак, Верстапен излезе пред возачот на Ферари по влегувањето во бокс и ја врати втората позиција во свои раце.

Тој се обиде да го стигне и Хамилтон и да го предизвика за прво место, но на крајот втората позиција е најдоброто што тој можел да го посака.

Да, не беше лошо. Штета е тоа што се случи во првиот круг, но очигледно е дека ни недостасува брзина на правците. Од тој момент, тимот имаше одлична стратегија за да се вратиме на второ место, а потоа ја возевме својата трка.

Се обидов да го следам Луис во еден момент, но на крајот знаевме дека второ место ќе биде најдобриот наш резултат и само требаше да ја завршиме трката.

Стартот не беше најдобар, но за време на безбедносното возило имав проблеми со агрегатот, така што многу сум среќен со втората позиција – изјави Верстапен.


Booking.com

Верстапен: Второ место е најдобро што можев

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>