Макс Верстапен е полн со пофалби за Хонда и Ред Бул во новата соработка, но во исто време открива дека ако не успее, секогаш има план Б.

Во интервју за Gazzetta dello Sport, Верстапен откри што би се случило доколку Хонда не испорача наредната година.

Секогаш има план Б. Навистина ми се допаѓа овој тим и сигурен сум дека може да го изработиме најбрзиот болид. Само ни треба мотор кој ќе испорача врвни перформанси. Следната година ќе се обидеме, а во 2020 година целта ќе биде титулата – вели Верстапен.

Во однос на трансферот на Леклер во Ферари, Макс го истакна следното:

Зависи од болидот кој ќе го има на располагање. Доколку е доволно добар, тој ќе може да конкурира за титулата.

Мислам дека јас ќе бев во ситуација да нападнам за титулата во мојата прва година, ако имавме конкурентен болид. Годините немаат врска, кога го имате најбрзиот болид, секогаш ќе се борите на врвот. Колку е побрз болидот, полесно е за возачот.

Паметам колку брз беше Шарл во картинг, но тој не беше главен конкурент, особено во мојата последна година од тркање. Се боревме за победа два или три пати, но бевме многу млади.

Прекрасно е што добиваме инспирација од истата желба – додаде Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.