Возачот во ДТМ, Паскал Верлејн, испуштил шанса да вози во Формула Е за Мерцедес бидејќи се фокусира на враќање во Формула 1, вели шефот на HWA тимот, Улрих Фриц.

Поранешниот возач на Манор и Заубер имаше тест возење за тимот на HWA кои се дел од фабричка екипа на Мерцедес во Формула Е за 2019/2020 година. Фриц објаснува дека неговата екипа разговарала со него и дека Верлејн имал добри перформанси при неговото возење, но кога сакале да донесат одлука, фокусот на Паскал е очигледно кон враќање во Формула 1.

Тоа можам да го разберам целосно, но не сакам да оформам екипа каде што по две трки, возачот ќе ми каже дека се враќа во Формула 1. Нашите очекувања беа да потпишеме долгорочен договор. Тој не беше во можност да го стори тоа во моментот. Го разбираме тоа, го почитуваме и го прифаќаме. Не продолживме со разговори по тоа. Едноставно не си одговараме – вели Фриц.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.