Верлејн и Мерцедес се разделуваат на крајот на годинава

158

Штитеникот на Мерцедес, Паскал Верлејн, ќе го напушти раборот на “сребрените“ на крајот на годинава, открива германскиот производител. Паскал е ДТМ шампион од 2015 година и како надеж на Мерцедес беше доведен во Формула 1, најпрво комплетираше сезона за Манор, а потоа и за Заубер пред да остане “со празни раце“.

Сезонава вози за ДТМ тимот на германскиот концерн, но поради тоа што Мерцедес ја напушта таа серија на крајот на оваа сезона, тој останува без работа. Поради тоа одлучи да отори повеќе опции за 2019.

Нашата јуниорска програма секогаш сакала да поддржи млад талент и да најде можности кои се во најдобар интерес на кариерите на младите возачи. Тој пат не е секогаш лесен, а понекогаш мора да признаете дека е вистинско време да се прекине некој врска. За жал, не можеме да му понудиме добро возачко место на Паскал за следната година.

Во негов најдобар интерес одлучивме да не ја продолжиме соработката со Паскал за во иднина, со цел да добие најдобра шанса да обезбеди добра можност за себе, можност каква што заслужува – гласи соопштението од Мерцедес.

Во моментов Верлејн е на 8мо место во ДТМ шампионатот со само еден освоен подиум годинава на 4 трки до крајот. Паралелно со тој ангажман има и улога на резервист во Мерцедес, но неговото враќање во Формула 1 е нереално осбено ако се земе во предвид дека “сребрените“ не може да најдат место и за друг свој штитеник, Естебан Окон. За главоболката да биде поголеми, Мерцедес во својата академија го има и водечкиот во Формула 2 поредокот, Џорџ Расел.

Мојот договор со Мерцедес истекува на крајот од оваа сезона и поради тоа заедно одлучивме да не продолжиме заедно.

Барам нови предизвици и можности за во иднина и во моментов разговарам по повеќе екипи.

Им благодарам на сите во Штутгарт, Афалтербах и Бракли кои ме поддржуваа во мојата тркачка кариера до сега. Сега е време за следниот чекор – изјави Верлејн.


Booking.com

Верлејн и Мерцедес се разделуваат на крајот на годинава

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>