Австралијанецот Марк смета дека поранешниот шеф на Порше, Андреас Сеидл, е вистинскиот човек за пресврт во Мекларен.

Деветкратниот победни на трки и Сеидл имаат историја од првата сезона на Вебер во Вилијамс, кога германецот работеше за БМВ. Подоцна работеа заедно во Порше кога Вебер замина од Формула 1 и премина во Порше ЛМП1 програмата. Тој е убеден дека Сеидл е вистинскиот човек за работата во очајно лошиот во последно време Мекларен.

Ако треба некој човек за таа работа, тогаш тој е вистинскиот и Секогаш е подготвен. Андреас е апсолутел работник, доста е стручен и Навистина е возбуден за работата во Мекларен.

Но тој знае што го чека, Има мало искуство во Формула 1 со Заубер БМВ. Секако е важен за успехот на 919. Не само тој бидејќи тоа е голем тим, но секако тој ги забрза резултатите. Сега има шанса да направи голема разлика – смета вебер.

Дури и со Сеидл на чело, Вебер не верува дека ќе има веднаш промена кај Мекларен и смета оти за враќање на Мекларен ќе биде потребно повеќе време.

За поголемиот дел Рон е виновен бидејќи тогаш беа најдобри. Кога беа најдобри, најхармонични со најдобар комерцијален модел, Мекларен беше “ѕвер“.

Подоцна решија да прават спортски возила, потоа ИндиКар и не може се да се прави. Треба фокус. Секој тимкој бил успешен во Формула 1 се фокусирал на една работа – заврши марк.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.