Поранешниот возач на Ред Бул, Марк , застана во одбрана на тимот по одлуката да го променат доставувачот на мотори за претстојната сезона и да почнат да користат агрегати на Хонда.

Иако скорешните резултати и перформанси на јапонците во спортот не се на високо ниво, Вебер смета дека откажување од Рено било вистинска одлука во Милтон Кинс.

во ред бул требаше промена која ќе донесе нова енергија. најголем предизвик за хонда ќе биде да се извлечат бараните перформанси, но при тоа да не се загрози животниот век на моторот. не се сомневам дека хонда ќе има моќ на квалификациите, но издржливоста на трка е нешто сосема друго, нешто за што треба време – појасни марк.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Австралијанецот имаше што да каже и за заминувањето на неговиот сонародник, Даниел Рикардо од тимот и приклучувањето кон фабричката екипа на Рено.

тој донесе одлука, се обложи и сака да победи на тој начин, нема сомнеж во тоа. она што го знам е дека ред бул биле фер кон него. времето ќе покаже, рено има одлични луѓе и ако сакаат да ги подобрат перформансите, дани е подготвен.

Големи промени имаше и во Ферари, дојде нов шеф на екипата, но заменет беше и поранешниот шампион Кими Раиконен, а неговото место го зазеде Шарл Леклер.

по ситуацијата во која беа лани, ферари мораа да променат нешто и да се обидат пак. има многу притисок кај нив, а годинавае нова можност за нив.

леклер добива огромна шанса во голема екипа, но прво мора да стекне искуство. тој може да го намачи себ, особено на квалификациите, но фетел е подготвен на тоа.

лично многу ми се допаѓа леклер и тој е одличен за спортот, интелигентен, брз и елегантен, но во исто време и вистински борец – заврши вебер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.