Марк Вебер смета дека неговиот поранешен тимски колега Себастијан Ветел е склон кон колапс кога ќе се најде под голем притисок. Во моментов германецот се бори со Луис Хамилтон за шампионската титула и во пресрет на домашната трка има 8 поени предност. Сепак, Вебер смета дека Себ може да се самоуништи доколку борбата за титула продолжи со исто темпо.

Ветел имал моменти каде потклекнувал целосно под притисок. Себастијан има и ќе има такви моменти. Мислам дека тој има план, а тие моменти се надвор од неговата рутина. Претпоставувам дека Безбедносните возила му прават најголем проблем.

Во Абу Даби во 2012 година беше зад Безбедносно возило и удираше во ДРС таблите крај патеката, а многу добро видовме што се случи во Азербејџан лани.

Неверојатно како може да го задржи својот максимален фокус и концентрација на тоа што го работи. Победа од пол позиција и претекнување под ДРС се негов заштитен знак, смртоносен е тогаш. Но, штом се појави некаква компликација за него, работата станува сложена – смета Вебер.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Марк се потсетува на Јапонското Гранд При во 2007 година кога Себ кој тогаш возеше за Торо Росо удри во него исто така за време на Безбедносно возило.

Бевме на прагот на невиден подиум, Торо Росо и Ред Бул на подиум заедно, нешто што не беше никогаш направено претходно. Дојдов крај Луис во последниот сектор сакајќи да му кажам дека неговиот заостаток зад Безбедносното возило е преголем и дека мора да забрза.

Гледав во него покажувајќи му накај семафорот за Безбедносно возило, немаше никаков знак за рестарт, возилото беше на патека. Луис беше многу бавен и застанав до него да му укажам на тоа.

Следната секунда “бум“ Ветел ме удри како торпедо од позади, двајцата излетавме. Го видов дека беше потресен потоа и не знаеше што се случило. До одреден степен и Луис беше виновен за инцидентот, се однесуваше како на прошетка во парк, а мислам дека Мекларен тогаш користеа различен материјал на сопирачки.

Денот беше ладен, врнеше, трката беше одвратна за возење, јас имав труење од храна дента и не ми беше добро. Го минавме тешкиот дел од трката со сиот аквапланинг на мокра патека и грешките на Алонсо кои се ретки. Имаше многу тешки моменти на таа трка.

Австралијанецот посочи и дека Ветел станува нервозен кога е несигурен во однос на гумите и нивната оптимална температура на квалификации.

Го мрази тоа, го мрази затоа што не е бам-бам. Германец е, јасно е зошто. Јас сум поотворен, гледам дали се подготвени гумите за летечки круг, комплетирам еден пред да дадам максимум. Но, тој не, тој го мрази тоа – заврши Вебер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.