Вебер: Берни би го однел Луис во Ферари

514

Поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер, ја анализира ситуацијата со новиот договор на Луис Хамилрон и тврди дека доколку Берни Еклстон сеуште бил на чело на спортот, ќе направел напор да го однесе во Ферари каде би возел во тандем со Себастијан Ветел.

Формула 1 светот неколку месеци е во исчекување на новиот договор помеѓу Хамилтон и Мерцедес, но ситуацијата не мрда од “мртва точка“ и нов договор сеуште нема.

Марк смета дека со оглед на ситуацијата, Берни би одработил се што треба за да “го спари“ Хамилтон со Ветел во Ферари догодина особено поради фактот шт во Маранело има слободно место.

Мислам дека доколку Берни сеуште беше овде, ќе му најдеше место на Луис во Ферари крај Себастијан. Тој ќе направеше се за тоа да се случи. Тој би сакал тие двајцата да се во Ферари, а во моментов сметам дека тоа е невозможно.

Мислам дека екипите ќе останат исти како во моментов освен што Даниел Рикардо сеуште ќе треба да донесе одлука – изјави Марк во своето интервју за Express Sport.

Неодамна и Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул откри дека нов договор на Мерцедес и Хамилтон сеуште не е постигнат само поради тоа финансиските барања на британецот кои биле огромни поради тоа што тој сакал да стане најплатен спортист во светот.

Тоа може да е вистината, не треба да сте нуклеарен физичар за да го сватите тоа. Возачот секако дека сака зголемена плата со секој нов договор и сметам дека ќе најдат решение. Тие знаат што треба да се направи, а Кристијан веројатно ја цитира очигледната работа дека ако Луис е задоволен и среќен, ќе има нов договор.

Во моментов се работи на големите детали, не на завршни ситници, односно се работи на парите – смета Вебер.


Booking.com

Вебер: Берни би го однел Луис во Ферари

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>