Шефот на Хаас, Гунтер , не знае што се случило на средина од сезоната, што придонело за огромна промена во формата на неговиот возач Роман . Тој имаше серија од 8 трки без да освои поени на почетокот од сезонава по што неговата иднина во американската екипа беше доведена во прашање.

Следуваше серија од топ 10 финиши на 5 трки по ред, вклучително и најдобриот резултат на тимот, 4то место на Австриското Гранд При, по што беше потврден за возач на тимот и догодина.

Стаинер го знае моментот на пресврт во сезоната на французинот, но не знае што довело до тоа.

сите бевме сведоци на тој момент, роман влегуваше во к3 11 пати по ред, тоа никогаш претходно му се нема случено и е одлично достигнување за екипа како нашата.

нешто се промени за него, сеуште не разбирам што точно е тоа, но се надевам дека таа промена ќе потрае и нема да се врати “по старо“.

отворено разговараме со него за овие работи и изгледа дека тој има контрола врз се – објасни гунтер.

Италијанскиот тимски шеф потврди дека екипата не размислувала на алтернативи за 2019 година и никогаш не ни посакале да го променат својот возач.

јасно е дека го разгледувавме пазарот, но тоа беше само поради фактот што моравме да реагираме доколку неговата форма не се врати.

Понекогаш не се работи само за тимот, понекогаш и возачот стагнира во одредена екипа, не оди никаде, не е мотивиран и мора да најде нов предизвик.

зборував со некои луѓе, други се нудеа сами, јас не сум таков човек што трошам време залудно, но преговори со никого не отпочнавме. гросжан во вистинско време си ја врати формата, но наша цел од почетокот беше да го задржиме затоа што кај нас стабилноста вреди многу. фала богу што се вака се заврши – објасни стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.