Вајтинг ја брани казната за Алонсо

110
   

Фернандо Алонсо по крајот на трката веднаш ја напрадна Формула 1 и стјуардите велејќи дека не знае зошто добил казна по дуелот со Ленс Строл од почетокот на трката. По дуелот, шпанецот не успеа да “ја фати“ кривината и ја пресече патеката откако беше истуркан од асфалтот од страна на Ленс.

Казна добија двајцата возачи, Строл за дуелот, а Нандо за скратување на патеката и добивање на предност. Директорот за во ФИА, Чарли Вајтинг, застана во одбрана на одлуката на стјуардите и ја одбрани истата.

Стјуардите сметаат дека е јасно што Фернандо направи, ја пресече шиканата, возеше преку тревата и се врати пред возачот со кого беше во дуел. Мислам дека тоа е јасно стекнување на предност со напуштање на патеката. Дополнително, стјуардите сметаа и дека Строл всушност го истуркал Фернандо.

Не може да се рече дека поради тоа што Фернандо бил истуркан од патеката смее да ја пресече шиканата и да се здобие со предност. Тој не требаше да го прави тоа.

Поради тоа што го истурка од патеката и Строл доби казна. Стјуардите сметаат дека двајцата треба да отслужат по 5 секунди за дуелот кој го имаа, но поради различни прекршоци – појасни Вајтинг.

Чарли смета дека за да избегне казна, Алонсо требало веднаш да ја предаде позицијата на Строл.

Ако ја вратеше позицијата немаше да добие казна. Тоа ќе беше правично и чисто. По вториот сличен прекршок, му ја врати позицијата на Брендон Хартли, но не и на Строл претходно.


Вајтинг ја брани казната за Алонсо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>