Вајтинг: Сударите со ДРС во Силверстон беа избор на возачите

172
   

Директорот за трки при ФИА, Чарли Вајтинг, вели дека сударите во новата, трета, ДРС зона на Британското Гранд При биле последица од одлуки на возачите и не се поразлични од друг вид на инциденти.

Третата ДРС зона во Силверстон, која беше низ целата стартно-целна должина, како и во свиокот 1 и 2, беше фактор во две големи несреќи изминатиов викенд.

Роман Гросжан имаше судар во свиокот број 1 во тренинг сесиите, што го натера Луис Хамилтон да ја нарече третата ДРС  “непотребна вежба“ и еднсотавно “опасна“. Потоа следеше и Маркус Ериксон, со сличен инцидент во трката.

Мислам дека инцидентите беа вина на возачите кои изгубија контрола во свиокот 1 бидејќи го имаа отворено својот ДРС систем низ свиокот, а тоа е нивен избор, како и секој друг избор и одлука кои ги носат во болидот.

Тоа е како секој болид кој е предизвик за возачите и понекогаш тие се обидуваат да поминуваат под полна гас, што не е возможно и се извртуваат. Исто е, нивен избор е. Ако мислат дека можат, може да се обидат. Но ние не го бараме тоа од нив. Тоа е исто како секој друг избор кој го прават тимовите и возачите.

Не сметам дека третата зона помогна. Идејата беше возачите малку да се доближат, а потоа да бидат во подобра позиција да нападнат во свиокот 5 и 6 – изјави Вајтинг.

Иако Вајтинг смета дека карактеристиките на Силверстон се дополнителен предизвик, тој вели дека не сакал да се врати на стари правила кога на возачите им беше дозволено да користат ДРС кога ќе посакаат во еден круг.

Не сметам дека има поента, бидејќи единствениот резултат ќе бидат побрзи времиња по круг. Целиот принцип на ДРС-от беше да помогне при претекнување и да го користат само во дозволени области е целосно логично за мене. Не би сакал да се вратиме назад.

Во Хокенхајм исто така ќе има дополнителна ДРС зона, со детекција на стартно-целната рамнина, како и пределот помеѓу свиоците 1 и 2, а главната која води кон свиокот 6 ќе биде подолга – додаде Вајтинг.


Вајтинг: Сударите со ДРС во Силверстон беа избор на возачите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>