Вајтинг: На Зандворт му требаат минимални промени

99
   

Директорот за трка во ФИА задолжен за Формула 1, Чарли Вајтинг, верува дека на Зандворт му требаат само минимални промени за да биде во можност да организира Формула 1 Гранд При трка. Чарли неодамна го посетил автодромот за да одлучи што треба да се направи за да се задоволат современите Формула 1 спецификации откако патеката не била домаќин на трка во кремот на моторспортот од 1985 година.

Одтогаш Зандворт е осовременет и доизграден, а патеката во моментов има 4,3 километри должина и често пати таму се одвиваат Формула 1 демонстрации.

Таму, во Зандворт, има огромен потенцијал. Неколку работи треба да се променат, но постои голема желба за промени, иако сметам дека е премногу рано да се зборува за тоа.

Ни пристапуваат со некои предлози, а ние разгледуваме само работи поврзани со патеката, ништо поврзано со комерцијалниот дел на спортот. Секој дел од патеката може да биде прилагоден.

Ќе има убав долг правец, доволно долг за добро користење на ДРС, а во исто време ќе се задржат и историските елементи на патеката. Мислам дека би била одлична трка.

Нема да бидат потребни многу промени на патеката, релативно малку. Бев во Зандворт да ја разгледам патеката од безбедносна гледна точка и патеката лесно може да се прилагоди на модерните Формула 1 стандарди.

Колку е голем падокот, каков е пристапот, каде ќе бидат гледачите, тоа се рабтои во кои јас вообичаено не се мешам – потенцираше Чарли Вајтинг.


Вајтинг: На Зандворт му требаат минимални промени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>