Вајтинг: Заубер веќе ја отстранија грешката во ДРСот

61

Директорот за трка во ФИА, Чарли Вајтинг, објави дека Заубер го отстраниле малиот дизајнерски проблем кој го имале со својот ДРС систем кој доведе до големиот судар на Маркус Ериксон на сесијата во Петок попладне. Швеѓанецот загуби контрола на крајот на стартно-целната рамнина кога неговиот ДРС не се затвори на време.

Ги направивме потребните анализи со Заубер и знаеме што се случи, се работеше за мал дизајнерски пропуст кој веќе го корегираа. Генерално немаме никаква загриженост околу безбедноста на ДРС на брзите патеки.

Болидот на Заубер фантастично си ја одработи работата. Погледнете при колкава брзина беше сударот, а тркалата останаа што е само сведоштво за квалитетот на изработката и цврстината на целиот болид.

Сите зборуваат за хало кога се говори за безбедноста, но во последно време имаше толку многу безбедносни подобрувања кои се однесуваат на силината на шасиајта, структурата при судар, држачите на тркалата и висината на кокпитот. Сите тие работи се покажаа во најдобро светли при вчерашниот судар на Маркус – објасни Вајтинг.


Вајтинг: Заубер веќе ја отстранија грешката во ДРСот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>