Вајтинг го правда Магнусен

109
   

Директорот за трка во Формула 1, Чарли Вајтинг ги отфрли критиките од Заубер насочени кон Кевин Магнусен, а во врска со дефанзивните потези на данецот за време на трката во Сузука против Шарл Леклер. Тимскиот шеф Фредерик Васур како и Леклер беа децидни дека Кевин требало да биде казнет.

Шарл се приближуваше кон Магнусен на стартнио правец во момент кога тој остро сврте во десно за да го блокира движењето на Зауберот, но истото беше сторено доста доцна. 21-годишникот немаше многу време да реагира и удри во задниот дел на Хаас-от, оштетувајќи му го подот и гумата, а и својот нос од Ц37.

Возачите по трката се обвинуваа чија вина бил инцидентот, но факт е дека истиот им ги расипа трките на двјацата.

Невозможно е да се каже дека Кевин го блокираше. Тој донесе таква одлука да сврти во десно многу брзо откако тоа го направи Шарл. Мора истото да се гледа неколку пати и да се анализира во детали за да се забележи. Мислам дека тоа беше несреќен инцидент, а и стјуардите тоа го сфатија.


Вајтинг го правда Магнусен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>