Вајтинг ги потсетува маршалите: Не го допирајте болидот без ракавици

760

По случката во Унгарија со болидот на Нико Хулкенберг кој поради дефект се паркираше крај патеката, Директорот за трка ви ФИА, Чарли Вајтинг, уште еднаш ги потсети маршалите крај патеката за ризиците кои ги носи допирањето на болидот без заштитна опрема.

Поради ризикот од електричен шок кој може да дојде од допир со Формула 1 болид поради хибридниот систем кој го има вградено во истиот, возачите мора да излезат од болидот без во исто време да ја допираат шасијата и земјата во случај на некакво електрично празнење. Поради тоа Хулкенберг силно скокна пред РС18 болидот, а маршалите веднаш почнаа да го туркаат болидот настрана без задолжителните заштитни ракавици.

Маршалите веднаш се упатија кон болидот туркајќи го. Го имавме Чарли на радио и му кажавме дека не знаеме во каква состојба е болидот затоа што се одеднаш се исклучи и немаме никакви повратни податоци од него. Но, во тој момент маршалите веќе го туркаа болидот, не им беше ништо така што е јасно дека електриката на болидот беше целосно откажана – појасни Ник Честер од Рено за случката.

Вајтинг уште еднаш се обрати до сите маршали дека мора да носат ракавици цело време кога доаѓаат во контакт со болид поради големиот ризик од електрификација.

Ако болид запре, тие не треба да запрат за да ја видат ситуацијата и потоа да ставаат ракавици. Тие треба да имаат ракавици цело време, тоа се инструкциите. Не може секогаш да бидете сигурни дали системите соодветно работат и тоа да го кажете со голема точност и поради тоа мора како мерка на претпазливост да се носат ракавици.


Вајтинг ги потсетува маршалите: Не го допирајте болидот без ракавици

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>