Вајтинг: Верстапен си заслужи казна

384
   

Формула 1 Директорот за трка, Чарли Вајтинг, нема сомнеж дека Макс Верстапен заслужил казна поради инцидентот од првиот круг со Кими Раиконен во Јапонија. По трката, холанѓанецот изјави дека е глупаво да му се даде 5 секунди казна поради тоа што се вратил на патеката небезбедно, притоа удирајќи во финскиот возач на Ферари.

Јасно е зошто е доделена казната, Макс излета од патеката и се врати целосно небезбедно. Од вас се бара безбедно да се вратите, а Кими се најде таму, беше удрен и истуркан од патеката. Тоа е многу јасна и очигледна одлука од страна на сјуардите – смета Вајтинг.

Во врска со вториот денешен инцидент кој Макс го имаше со другиот возач на Ферари, Себастијан Фетел на кривината Спун, Чарли не обвинува никого и поради тоа ја оправдува одлуката да не биде доделена казна.

Себ се обиде да мине од внатрешната страна и тоа беше разумно. дојде до половина, се псотави крај Макс, но тој сврте, класичен потег навистина. Вообичаено стјуарите не даваат казна за нешто такво освен кога се целосно сигурни дека само едниот возач е виновен. Мислењата секако дека се разликуваат во врска со тоа кој е крив, но никој нема доминантна вина.

Во Кина Верстапен со неприлагодена брзина миан во внатрешнито дел на шнола киривната и за малку ќе го однесеше Себастијан од страна, но тој инцидент нема никаква сличност со овој. Не ги видов повторно снимките од Кина, но мислам дека тоа беше јасен случај за предизвикување на судар, а овој пат Себастијан јасно се обиде да претекне каде што имаше место. Тоа што Макс го направи во Кина е опортунизам – заврши Вајтинг.


Вајтинг: Верстапен си заслужи казна

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>