Вајтинг: Блефот во бокс е дел од играта

986

Чарли Вајтинг изјави дека нема проблеми со блефот кој го прави Мерцедес во боксот и дека тоа е дел од играта.

Додека Луис Хамилтон и Кими Раиконен се бореа на патеката, Мерцедес ги извади своите механичари во боксот и подоцна ги врати назад, тоа се случи два пати.

Ова предизвика прашања дали Мерцедес прекршил правило со тоа што го извадил механичарите надвор на пит линијата а тие морало веднаш да почнат со работа и да се вратат кога ќе биде завршена.

За мене ова е дел од играта. Не сакаме тимовите да се движат околу пит линијата ако не прават промена но ако излезат само еднаш не е проблем, доколку се случи повеќе пати тогаш е проблем. Можеби се премислиле доколку е еднаш.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф отфрли дека фантомскиот пит стоп бил наменет да ги присили Ферари да влезат предвреме.

Не беше фантомски пит стоп. Бевме спремни за андеркат и оверкат. Не знаевме дека Кими ќе влегува и дали со тоа ќе го промораме да влезе. Ако беше спротивно мораше механичарите да се спремни.

Хамилтон победи на трката во Италија откако се потрошија гумите на Кими Раикононен бидејќи влезе порано во бокс и имаше постари гуми од британецот.


Booking.com

Вајтинг: Блефот во бокс е дел од играта

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>