Васур: Трката имаше две лица за нас

54

Фредерик Васур е среќен и задоволен што Маркус Ериксон стигна до поени со своето 9то место во Германија, но од друга страна гледаше како шансата за добар пласман на Шарл Леклер исчезнува откако ја “утнаа“ стратегијата коцкајќи се со интермедиа компонентата.

Швеѓанецот остана на патеката кога почна да врне на Хокенхајмринг и со добри перформанси на тешкиот автодром стигна до 9то место. Шарл почна во топ 10, но се реши за интермедиа штом се појави дождот. Но, патеката почна брзо да се суши, а тој брзо се врати во бокс по мазни гуми по што заврши на 12то место на крајот од трката.

Трката имаше две лица за нас. Маркус имаше позитивен ден, менаџираше одлично со ситуацијата и добро ги контролираше гумите на мократа патека. Имаше силни перформанси и добар ритам од почеток до крај, по што донесе два поени за нас.

Од друга страна, Шарл имаше тешка трка, почна од добра позиција и беше доста брз, но за жал ризикувавме со неговата стратегија кога почна да врне. Му ставивме интермедиа и со тоа ја уништивме неговата трка – заклучи Васур.

Тој смет дека Алфа Ромео Заубер продолжува да се подобрува годинава и се надева дека таквиот тренг ќе продолжи и на следната трка во Унгарија.

Анализирајќи го тркачкиот викенд како целина, знам дека напреднавме и убеден сум дека ќе продолжиме по позитивниот пат и на престојното Унгарско Гранд При.


Васур: Трката имаше две лица за нас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>