Васур: Седмо место е добар знак за Заубер

60
   

Фредерик Васур е позитивен по силното возење на Шарл Леклер кое го освои 7то место за екипата на Алфа Ромео Заубер на Руското Гранд При.

Леклер беше силен цел викенд, квалификувајќи се на седмата позиција, но и покрај претекнувањето од двата болида на Ред Бул, тој успеа исто така да претекне неколку болиди, еден од кои беше феноменалното претекнување над Кевин Магнусен од надворешната страна на свиокот 4.

Тимскиот колега Маркус Ериксон не помина толку добро и швеѓанецот заврши на 13то место, откако стартуваше од 10та позиција, но севкупно, тимскиот шеф Васур е задоволен со исходот од трката и со перформансите на нивниот болид.

Ова беше одлична трка за нас. Имавме добри стартни позиции и двајцата возачи беа постојани во текот на трката. Шарл покажа импресивни претекнувања во првите кругови и испорача кога беше најважно. Тој беше силен во менаџирањето на пневматиците и севкупно имаше многу силна трка.

Маркус имаше постојани перформанси и добра форма, особено на стартот на трката. За жал, тој заглави позади друг болид и не можеше да напредува.

За нас е добар знак како екипа што наш болид заврши на седмото место во трка без проблеми. Мора да продолжиме агресивно и ќе видиме што е возможно во Јапонија – вели Васур.


Васур: Седмо место е добар знак за Заубер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>