Васур разочаран со резултатот, но задоволен од напредокот

99
   

Тимскиот шеф на Алфа Ромео Заубер, Фредерик Васур, остана разочаран по резултатите од Големата награда на Британија откако Шарл Леклер се откажа поради тоа што беше пуштен на небезбеден начин на патеката, а Маркус Ериксон не го исклучи ДРСот на Аби и заврши во ограда.

Ова беше тешка трка за нас, имавме добар старт, а двата болиди покажаа многу силни перформанси. Се отеше како што треба, Шарл дојде до 7мо место, а Маркус фаќаше приклучок со останатите. За жал, среќета ни го заврте грбот по промената на гуми на Шарл, имавме проблем и моравме да го повлечеме болидот. Потоа Маркус загуби контрола над болидот на првиот свиок.

Крајниот резултат беше многу лош за нас, но мораме да останеме позитивни – смета Фред.

Секако дека во Хинвил не може да бидат задоволни од резултатот, но Васур признава дека напредокот е одличен и со нетрпение ја чека следната трка.

И покрај крајниот резултат денеска, направивме добар исчекор од минатито тркачки викенд и сигурен сум дека ќе бидеме уште посилни на Хокемхајм.


Васур разочаран со резултатот, но задоволен од напредокот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>