Тимскиот шеф на Заубер, Фредерик Васур, откри дека италијанецот Антонио Џовинаци се наоѓа на листата на можни возачи на тимот за следната сезона. Швајцарците мора да размислуваат на замена откако станува јасно дека Ферари веројатно ќе го повлече Шарл Леклер во Маранело. Џовинаци лани комплетираше две трки за Заубер како замена за повредениот Паскал Верлејн, а во Германија се појави и на првата тренинг сесија во Ц36 болидот на екипата.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Фред потврди и дека резервниот возач на Скудерија многу почесто ќе биде во болидот на екипата за време на петочните сесии до крајот на оваа сезона.

Можеме да бидеме горди што Антонио сака да се вклучи во работата на екипата. Секако дека е на нашата листа на потенцијални возачи за следната сезона и ќе одработиме повеќе Т1 сесии до крајот на сезоната како најдобар начин да се разбереме подобро еден со друг, како што лани направивме и со Шарл што сметам дека е одличен прв чекор во взаемна соработка.

Ферари дава свои мотори во Заубер, а сестринската компанија Алфа Ромео е главен спонзор и технички партнер на тимот, така што Васур потврди дека италијанците ќе имаат удел во носењето на одлуата за возачите.

Ќе разговараме со Ферари. Не дека имаат право да носат одлуки, но ќе ги консултираме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.