Тимскиот шеф на Заубер, Фредерик , потврди дека Кими Раиконен ќе го тестира нивниот болид на тестот на Пирели по крајот на Гранд При трката во Абу Даби викендов.

Финецот од Ферари минува во Заубер следната година по пет години минати во Маранело и една победа за нив, на минатомесечната трка во Америка. Швајцарците сакаат колку што може порадно да го запознаат Раиконен со болидот и начинот на работа, така што дводневниот е идеална можност за тоа.

да, кими ќе тестира за нас следната недела – кусо одговори на новинарско прашање шефот на тимот, фредерик васур.

Финецот се враќа во екипата во која во 2001 година во Австрија дебитираше во Формула 1, пред да мине во Мекларен следната сезона. Раиконен има две 4ти, едно 5то и едно 6то место за екипата од Хинвил за која таа година освои 9 поени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.