Васур полн со пофалби за Леклер

178

Тимскиот шеф на Алфа Ромео Заубер, Фредерик Васур, е полн со пофалби за неговиот возач Шарл Леклер кој смета дека е одличен мотиватор и талент, откако 20-годишникот следната сезона ќе ја мине во Ферари. Во спротивна насока, од Маранело во Хинвил, ќе мине Кими Раиконен.

Шарл ги импресионираше сите во својата дебитантска Формула 1 сезона, ги освои првите поени со 6то место во Азербејџан која беше само 4та Гранд При трка за него. Исто така многу често беше дел од последниот квалификациски сегмент.

Момчето од Монте Карло е дел од Академијата за млади возачи на Ферари, во 2016 година беше ГП3 шампион, додека лани ја освои Формула 2 титулата како попатна станица за Формула 1. Во моментов тој е на 15то место во поредокот со 13 освоени поени.

Беше задоволство да се поддржи ШАрл Леклер во неговата дебитантска Формула 1 сезона.

Откако тој пристигна во екипата не мотивираше сите, константно се подобрувавме и ќе продолжиме да работиме така до крајот на првенството за да ги постигнеме најдобрите можни резултати заедно.

Свесни сме за талентот на Леклер и убедени сме дека му претстои светла иднина. Ќе продолжиме будно да го следиме и му посакуваме се најдобро понатаму – изјави Васур.


Booking.com

Васур полн со пофалби за Леклер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>