Тимскиот шеф на Заубер, Фред Васур, вели дека нивниот поранешен возач, Шарл Леклер, имал одлична сезона поради неговиот тимски колега, Маркус Ериксон, кој наголемо се подобрил споредено со претходните сезони.

Леклер уживаше во неверојатна дебитантна сезона, донесувајќи го Заубер во позиција во која одамна не биле. Тимот се пласираше на осмо место во пласманот, откако беше на дното неколку сезони. Фред Васур, смета дека Леклер бил подобар поради неговиот тимски колега, Маркус Ериксон, кој замина од Ф1 во ИндиКар.

Мислам дека Леклер заврши многу добра работа, а тоа е поради тоа што Маркус исто така се подобруваше.

Ако го споредите Маркус со 2017 година, мислам дека тој направи огромен чекор напред. Кога се појави во Мелбурн тој беше шест килограми полесен од претходната година и од самиот почеток направи чекор напред.

Дури и во завршницата од сезоната, тој беше постојан во своите времиња како и Шарл. Тој беше пред Шарл во Сао Паоло, позади него во Остин и на Шарл му помогна многу што имаше референтна точка како Маркус.

Маркус исто така имаше предност од добро техничко познавање и тој ни помогна многу во завршницата кога донесувавме технички одлуки. Кога доаѓате во Ф1 од Ф2 не е толку лесно да имате споредба на перформансите – вели Васур.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.