Васур негира замена Леклер за Раиконен сезонава

166
   

Шефот на Алфа Ромео Заубер, Фредерик Васур, откри дека нема разговори со Ферари за замена на Шарл Леклер со Кими Раиконен во текот на оваа сезона.

Се посилни се гласните дека Ферари сака да го замени Раиконен со Леклер за наредната година, а во Австрија се зборува дека Серџо Маркионе сака да ја направи замената на Леклер со Раиконен во текот на летната пауза.

Имаме договор до крајот на сезоната и сеуште не сме зборувале за иднината. Можам да разберам какви се гласини кружат, но тие се далеку од реалноста. Ние сме фокусирани на нашата работа, исто и Шарл е посветен на проектот. Тоа се уште не било тема на разговор – потврди Васур.

Леклер на последните пет трки, четири пати заврши во поени, а најдобар беше во Баку каде финишираше на 6то место.

Мислам дека тоа не е можно. Најдобро е да ја заврши сезоната и работите да се движат со нормална брзина – смета 20-годишникот од Монако.

Младиот возач освои титула во ГП3 и во Формула 2 едно по друго и влезе во Формула 1 со големи очекувања. Оваа сезона тој се посвети на адаптирање кон машинеријата наречена Формула 1 болид, подесување на болидот кој доста се смени после првите три трки.

Ме прашувавте што е со Шарл по трката во Кина? Тој е во лоша ситуација и потоа е светски шампион. Бев зачуден од интересот за Шарл.

Мора да сме мирни. Тој работи одлична работа, се подобрува, но сепак не е светски шампион. Ако има проблеми на неколку трки, тоа е поради тоа што не може се да е во ред.

Не би сакал никој да го уништи Шарл. Тој се повеќе учи и јас сум среќен со завршената работа. Но, тој не е светски шампион. Пред шест месеци во Формула 2 никој не го познаваше. Сега има голема разлика од крајот на ноември во Абу Даби до денеска кога за него многу се зборува. Јас сум импресиониран од неговата смиреност – полн со пофалби е Васур.


Васур негира замена Леклер за Раиконен сезонава

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>