Тимскиот шеф на Заубер, Фредерик , изјави дека очекува многу од 2019 година откако многу рано го свртеле фокусот кон болидот за 2019 година.

Швајцарците импресионираа многумина лани и на крајот беа сериозни кандидати во средината од поредокот. Нивниот возач Шарл Леклер покажа фантастични перформанси и силен ритам цела година, по што заслужи повик и трансфер во Ферари.

Фредерик Васур за Autosport откри дека почетокот на развојот бил направен многу порано од вообичаеното за да се задржи високото ниво на перформанси.

притискавме како луди на почетокот на минатата година за овогодишениот болид и многу рано ги насочивме ресурсите за оваа сезона. имаме големи очекувања, но кога се има промени на правилата како овие, тогаш ништо не се знае.

можно е да погрешите во пристапот, да одберете погрешна насока и да го дознаете тоа на тестирањето во барселона затоа што никој не знае што прави конкуренцијата. моето чувство е позитивно, сеуште се подобруваме, седмица по седмица и имаме иста цел како и лани.

не знам каква работа прават другите, дали се подобри од нас, но знам дека ние сме одлични – истакна васур.

Најголема загуба на Заубер се чини дека е Шарл Леклер, возачот кој стигна до 6то место за тимот во Азербејџан, но претстојнава сезона во тимот ќе биде Кими Раиконен, поранешниот светски првак.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.