Васур: Магнусен е дел од сите големи судари

100
   

Фредерик Васур, првиот човек на Заубер, го поддржа својот возач Шарл Леклер велејќи дека Кевин Магнусен бил вклучен во сите големи судари оваа сезона. Возачот од Монако удри во задниот дел од болдиот на Хаас на трката викендов кога сакаше да го мине Кевин, а тој се помести да го блокира.

Стјуардите на ФИА сметаат дека болидите се придвижиле во исти време и дека поради тоа сметаат оти се работи за тркачки инцидент. Но, Васур смета дека потегот на Магнусен бил опасен и ја повика ФИА да превземе мерки пред да се случи нешто сериозно.

Од моја гледна точка, ситуацијата е јасна, но не знам зошто немаше никаква казна. Вознемирен сум затоа што тој е вклучен во сите големи судари сезонава ако направите анализа. Јас не сум судија, ФИА треба да каже, но тие решија да не превземаат ништо.

Потегот беше премногу опасен, тој секогаш се движи доцна и еден ден ќе предизвика страшен судар. Кога возите 320 километри на час опасноста е огромна – објасни Фредерик Васур.

Францускиот тимски шеф смета дека неговиот возач, кој при крајот на трката се откажа поради проблеми со болидот, можел да стигне до одличен резултат.

Имавме добар прв дел од трката, а ритамот беше одличен. Моравме да застанеме за време на Безбедноното возило за да го промениме носот и ја променивме стратегијата со медиум гуми. Штета што не завршивме затоа што ритамот повторно беше добар.

Шарл беше прв пат во Сузука и секако дека не му беше лесно. Беше 6ти по квалификациите, но не можеше да склопи се како што треба поради тоа што помеѓу 7то и 17то место разликите се многу мали и секоја грешка чини многу.

Во Заубер имаше уште еден судар на Сузука кога невнимателниот Маркус Ериксон на едно запирање удри во задниот дел од болидот на неговиот колега.

Сите запираа многу, многу доцна и многу силно по Безбедносното возило.


Васур: Магнусен е дел од сите големи судари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>