Шефот на Заубер, Фредерик Васур, смета дека неговиот моментален возач и иден на Ферари, Шарл Леклер, ќе има огромен притисок наредната година.

Возачот од Монако ќе го замени Кими Раиконен во 2019 година и ќе треба да се бори против петкратниот шампион, Луис Хамилтон. Неговиот моментален шеф не смета дека споредбата помеѓу двајцата не е фер, бидејќи двајцата ја започнаа кариерата на поинаков начин.

Не го споредувам Шарл со некој како Луис. Првично, Луис има над 10 години повеќе искуство и тој возеше со Мекларен, тие се бореа за титула, така што има голема разлика.

Кога Шарл ни се приклучи бевме на задните редови од гридот, така што пристапот на Шарл е целосно поинаков.

Полесно беше да започне со Заубер. Тој се мачеше малку при првото возење, со многу малку тестови. Но чекор по чекор, формата му се подобри, а му се подобрија и менаџерските можности.

Најтешко нешто е менаџирање на болидот, работењето со инженерите, особено на почетокот, но тој се подобри многу брзо.

Против Луис, тој ќе биде под голем притисок. Дали ќе изненади? Никогаш не се знае, бидејќи најпрвин ќе завиис од болидот со кој располагате.

Секогаш е релативно, но болидот се подобрува, Шарл се подобрува и се му е достапно – вели Васур.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.