Тимскиот шеф на Алфа Ромео Заубер, Фредерик Васур, е задоволен од трката на Маркус Ериксон и Шарл Леклер во Мексико откако возачите донесоа двоен пласман во поени за тимот. Исто така, двајцата влегоа во последниот квалификациски сегмент во Сабота, а на крајто од трката Леклер стигна до 7мо место, две позиции пред неговиот шведски колега. Ова му помогна на тимот да го мине Торо Росо на 8мо место кај конструкторите со 3 поени предност.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Клучно во трката било тоа што двајцата успеале одлично да менаџираат со гумите.

Позитивна Гранд При трка со одличен наш напредок во текот на викендот. Шарл и Маркус стигнаа до К3 на квалификациите и двајцата стигнаа до поени, напредувајќи во конструкторскиот поредок.

Трката беше многу тешка, воачите се мачеа со гумите кои беа главен предизвик. Шарл и Маркус направија одлична работа со менаџирање на гумите и си ги задржаа позициите што на крај им донесоа добри поени.

Мораме да продолжиме да притискаме до крајот на сезоната и во Сао Паоло повторно ќе се бориме за добар резултат – најави Фред Васур.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.