Моторспорт ветеранот, Фритс изјави дека Мик Шумахер има постудиозен пристап кон тркањето од лудиот во срце Макс Версапен.

Ван Амерсфот има работено со двајцата возачи во јуниорските категории, Макс возеше со него во ФИА Европската Формула 3 серија во 2014 година, а Шумахер во АДАК Формула 4 серијата лани. Годинава Мик ја освои Европската Формула 3 круна, но како возач на Према, а Верстапен експресно по титулата во таа серија мина во врвот на моторспортот преку Ред Бул и Торо Росо.

има многу тркачи кои веруваат дека се треба да биде по нивно, а мик секогаш покажува дека сака да учи. Тој е тркач кој многу работи и не е воопшто луд како макс, ја користи главата и силаа му е токму тоа што го прави тоа што го сака со многу размислување.

веројатно има многу научено за тркањето од татко му дека не може само да возите, треба и напорно да работите и многу да размислувате. поради тоа се наоѓа таму каде што се наоѓа во моментов – изјаци ван амерсфорт за германски Sport1.

Титулата на Шумахер дојде откако германецот ја пронајде формата во вториот дел од сезоната и беше импресивен на тркачките викенди во Нирбургринг и Ред Бул Ринг. 19-годишникот веќе е во некои Формула 1 комбинации за следните 2-3 години, а Луис Хамилтон неодамна изјави дека е сигурен оти Мик ќе дојде во Формула 1 наскоро, а и Берни Еклстон се согласи со таа изјава на старо-новиот шампион.

мик силно напредува во својот пат кон формула 1 и врши фантастична работа. штета што татко му не може да го поддржи – изјави еклстон за германски Bild am Sonntag.

Сепак, пред да влета во Формула 1, Мик веројатно ќе комплетира Формула 2 сезона.

не знам дали сум подготвен за формула 1, но повеќе би сакал постепено да напредувам, чекор по чекор и да се подготвувам добро – скромно објасни мик.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.