Стофел Вандорн е решен да даде се од себе на своите последни трки за Мекларен. Ланското издание на ноќниот Сингапур беше најдобар Формула 1 резултат за белгиецот до денеска откако заврши на 7мо место по што може да се насети дека патеката му одговара.

Лани беше моето прво искуство со трка на Сингапур и навистина ужував. Всушност, тука и во Малезија дојдов до моите најдобри Формула 1 резултати, 7мо место – се потсетува Вандорн.

Следната сезона Стофел ќе биде заменет со Ландо Норис, поради што е решен да даде се од себе на трките до крајот на сезоната со цел да успее да најде тркачко место за следната година.

Немам сигурна иднина откако потврдија дека нема да се тркам за Мекларен догодина, но целосно сум решен да дадам се од себе на останатите трки сезонава. Екипата работи многу напорно да стигне до колку што може подобри резултати, но ќе видиме до каде сме.

Трката во Сингапур е единствена по тоа што возачите возат во Азија, но по Европско време, што значи дека возачите работат до доцна во ноќта, а спијат денски. Стофел сака тркање пдо рефлектори и се надева дека ќе има позитивен викенд.

Искуството да се тркате во Сингапур е неверојатно, лани го искусив и нетрпелив сум за оваа година. Да се комплетира викендот по европско време е една од најкул работите за оваа трка и посебно искуство како никаде на друго место.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.