Вандорн сигурен за своето место

94
   

Белгиецот Стофел Вандорн е сигурен дека им докажал на Мекларен дека е достоен за местото во тимот и наредната година. Тој е подржан од Мекларен уште од јуниорските серии пред да биде унапреден во нивни тркачки возач во 2017 година.

Во својата прва сезона тој имаше многу проблеми, како и целата екипа со очајниот мотор на Хонда, додека оваа година не може да му парира на Фернандо Алонсо. Сеуште не успеал да биде подобар на квалификациите од Алонсо и има освоено само 8 поени во споредба со 40те на Алонсо.

Мислам дека дојде времето кога треба да се зборува. Пред летниот одмор обично се отвора пазарот и тоа е нормално. Никогаш не сум зборувал за овие работи со медиумите и нема ни сега да го правам тоа. Сигурен сум во моето место – изјави Стофел.

Тој потенцираше дека имал неколку назадувања, но сепак многу научил во неговата втора сезона.

Секако не беше како што очекував. Имав доста проблеми со резултатите но тоа е поради болидот со кој имавме проблем и не може да ги прикажете своите способности. Сега сме во таква ситуација.

По тешките времиња има доста позитивни работи, а тоа не се случува во јуниорските серии. Тука има друг пристап и тоа ме прави посилен возач. Вторава сезона е различна од првата. Веќе се чувствувате поудобно за време на викендите и начинот на кој се припремате е различен и имате повеќе искуство – заврши белгиецот.


Вандорн сигурен за своето место

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>