Зак Браун изјави дека сепак е можно Стофел Вандорн да вози за Мекларен во 2019 година само доколку прифати да вози за други серии.

Ќе му помогнеме на секој начин на Стофел. Тој е за нас семејство, имавме одлична соработка и мислам дека заслужува да е во Формула 1, но ние учествуваме и во други серии и може да му понудиме позиција таму.

Заубер и Торо РОсо се поврзани со место за Вандорн.

Мислам дека Торо Росо е негов калибар, а имаат и две слободни места. Ние имавме лош болид последните две години. Тој брзо ќе се адаптира. Стофел беше близок со Алонсо, можеби и поблизок од сите негови поранешни колеги. ТОј е одличен возач. Ние гледаме во иднината и сметаме дека Ландо е идна ѕвезда. Мислам дека друга серија би била подобра за Стофел со подобар болид.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.