Актуелниот возач на Мекларен, Стофел , призна дека не е доволно добар на квалификациите годинава споредено со неговиот колега Фернанро Алонсо, но смета дека е многу подобар на трки одошто луѓето мислат.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Помина повеќе од една година кога последен пат белгиецот го победи Нандо на квалификации, така што Стофел е единствен возач без победа на квалификации во однос на својот колега. Но, неговите перформанси на трка се тешко забележливи затоа што Мекларен се далеку од поени сезонава.

јасно е дека фернандо е фантастичен возач и неговите квалитети говорат сами за себе. јас бев поконкурентен на квалификациите лани одошто годинава и поради некои проблеми се мачам да ги оптимизирам подобрувањата и новините. поради тоа не можам да се доближам до фернандо на квалификациите.

исто така, се случија и други работи поради кои изгледам полошо одошто тоа е релано, но на трка редовно сум доста поконкурентен – појасни вандорн.

Фернандо исто така не пропушта да го пофали својот колега и да застане во негова одбрана велејќи дека 26-годишникот е многу блиску до него одошто сметаат лушето.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.