Стофел Вандон признава дека е свесен оти неговите шанси за најде Формула 1 место за себе за следната година се многу мали откако беше отпуштен од Мекларен. Екипата од Вокинг објави дека Ландо Норис ќе вози за нив следната година покрај Карлос САинз.

Зек Браун изјави дека Стофел е добар избор за екипа како Торо Росо, така што во моментов неговото име е често споменувано за место во Фаенца.

Пазарот на возачите е чуден веќе неколку недели и местата се пополнуваат речиси секој ден. Шансите да бидам на гридот следната година се многу мали, но додека се е пополнето ќе продолжам да преговарам и да давам се од себе да останам во оваа тркачка серија. Тоа можам да го кажам во моментов – свесен е Вандорн.

Белгиецот потврди дека откако беше отпуштен од Мекларен разговарал со многу екипи и дека иако приоритет му е Формула 1, бара место и во други такчки серии.

Јасно е дека се преговара и дека не е само во Формула 1. Во моментов разгледуваме некои различни серии и се надеваме дека во следните неколку недели ќе имаме нешто поконкретно, но додека Формула 1 вратата не е целосно затворена, оптимизмот ќе постои. Интересни проекти и понуди постојат, но во моментов сум слободен агент.

Тој не откри за кои серии станува збор, но по споменувањето на Индикар, призна дека му се допаѓа Индианаполис 500.

Инди 500 е посебно доживување и секогаш е огромен настан во моторспорт светот така што мислам дека доколку имам можност да се тркам и борам за победа таму ќе биде посебно чувство. Но има и многу ризици кои треба да бидете подготвени да ги прифатите.

Стофел е расположен и да биде трет возач во некоја екипа, но само паралелно со тркачка програма во друга серија.

Одлично ќе биде да останам вклучен во некоја Формула 1 екипа, фокусирани сме на тркачко место во Формула 1 или надвор. Прифатливо е и да се тркам на друго место, но да останам вклучен во Формула 1.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.