Вандорн разочаран затоа што ништо не погрешил

16

Стофел Вандорн не го крие своето разочарување од Големата награда на Унгарија откако се откажа додека возеше во поени. Возачот на Мекларен имаше силна трка на која не погреши ништо, врати многу позиции откако почна како 16ти, стигна до топ 10 и мораше да се откаже.

Иако изгледаше дека Мекларен ќе стигне до двојни поени, прв пат по Азербејџанското Гранд При во Баку и дека Стофел ќе дојде до првите поени по 8 трки, менувачот го издаде на 20-тина кругови пред крајот на трката.

Тимот направи се како што треба, исто и јас и поради тоа многу боли, дефинитивно сум разочаран сум што не стигнав до поени. Разочаран сум, имав одличен старт, одлично менаџирав со гумите и имав добар ритам минувајќи неколку болиди кои пред мене влегоа по свежи гуми.

Штом се вратив во трка со свежи пневматици двата наши болиди беа во поени така што требаше само безбедно да ја финиширам трката, но за жал техничкиот проблем ни го оневозможни тоа.

Разочарувачки е да се заврши на тој начин, но мораме да бидеме расположени со начинот на кој ја одработивме трката – смета Вандорн.

Белгиецот има тешка 2018 година до сега и се мачи со недоволно потисна сила на последните трки, по што во пресрет на Големата награда на Унгарија доби и нова шасија. Тој беше задоволен со своите перформанси викендов.

Лично сметам дека имав одличен викенд, покажавме дека ритамот се врати каде што претхоно беше и можам да бидам задоволен. Штета што не завршивме на трката и не стигнавме до двојни поени.

Не се чувствувам како да се борам за место во екипата, само давам се од себе. Се фокусирам на секоај трка одделно и добро е што се се врати во нормала.

Нетрпелив сум за летната пауза каде сакам да се релаксирам, да ја освежам главата и да се вратам на домашната трка во Спа уште посилен – заврши Вандорн.


Вандорн разочаран затоа што ништо не погрешил

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>