Вандорн очекува многу од новите подобрувања

152

Откако не успејаа да стигнат до поени во Монако, Мекларен се нетрпеливи да го покажат напредокот направен во последно време на престојната Голема награда на Канада.

Вандорн верува дека се подобруваат на секоја трка, а Рено потврди дека во Монтрал стигнува нивната нова спецификација, иако сеуште не е одлучено на кој од 6те болиди со француски мотор истата ќе биде монтирана.

Чувствувам дека се подобруваме чекор по чекор и се надевам дека ќе можеме ова да го покажеме во Канада.

Немавме среќа со квалификациите во Монако каде немавме избор освен да го пратиме болидот на патеката со мал проблен и тоа влијаеше на стартното место и на целиот викенд. ОСвен добра подготовка, ни треба и среќа во текот на тркачките викенди, како на мене така и на ФЕранрно.

Јас многу сакам улични патеки, уживам да се тркам на нив затоа што носат најголем предизвик за секој возач. Канада има далеку повеќе можности за претекнување од Монако така што мораме да искористиме се што ќе се случува на патеката.

Напорно работиме во секој област за да склопиме добар пакет за трка и се надеваме на нови поени од Монтреал – објасни Стофел Вандорн.


Booking.com

Вандорн очекува многу од новите подобрувања

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>