Откако стана жртва на кртиките и остана без возачко место во Формула 1 за 2019 година, Стофел Вандорн изјави дека луѓето во тркачката серија не те ни забележуваат колку добро возиш освен ако не освоиш поени. Вандорн дојде до 8та позиција на трката во Мексико и сега има 12 освоени поени сезонава, а ова воедно е најдобар негов резултат годинава.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Том Сталард, главниот инженер на Мекларен го пофали возачиот изјавувајќи:

На внатрениот дел од предната лева гума изгледа мазно бидејќи таа е целосно потрошена. Одлично возење со вакви гуми без грешка.

Но иако Вандорн е среќен со поените, тој изјави дека никој не те забележува колку добро возиш освен ако не стасаш до поени.

Мислам дека имав неколку добри трки, но никој не ме примети бидејќи не бев во поени. Среќен сум со перформансите уште од првиот круг. Бевме последни и напредувавме. Многу сум среќен. Имавме добри престасувања, ги чувавме гумите до последен момент кога напаѓавме.

Вандорн наредната година заминува во Формула Е и се надева дека ќе има добар крај на оваа сезона во Бразил и Абу Даби.

Ова е одличен резултат за мене и за тимот. Важно е за нас кај конструкторите. Сега уживам во последните трки – заврши Стоф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.