Стофел Вандорн смета дека никој не ги забележал неговите најсилни трки во Формула 1 и дека не можел да стори ништо повеќе сред проблематичната форма на Мекларен.

Вандорн се приклучи на Мекларен на почетокот на 2017 година како замена за Џенсон Батон, следејќи импресивна кариера во јуниорските серии во кои доминираше во ГП2 првенството во 2015 година, а потоа заврши на 4то место во Супер Формула.

Откако се придружи на Формула 1 гридот и во екот на проблемите за Меклаен, Вандорн се мачеше да остави впечаток, а за 2019 година е заменет со дебитантот Лендо Норис.

На квалификациите во 2018 година, Алонсо беше подобар од Вандорн во секоја трка и заврши на 16то место во пласманот, но инсистира дека некои силни перформанси биле скриени поради слабата форма на Мекларен.

Никогаш не е лесно кога не сте во правилниот болид. Мислам дека имав некои силни трки оваа сезона, а никој не забележа. Но доколку сте во најсилниот болид, наеднаш се борите за победа, или за второ или трето место.

Ја менува перспективата на луѓето, што е штета на некој начин. Претпоставувам дека секогаш било така. Во однос на тоа, штета е да се биде во таква позиција, но неможев ништо повеќе да сторам – истакна Вандорн.

Времето на Стофел поминато во Мекларен беше во периодот од последната година од соработката со Хонда и 2018 година, во која тимот изработи многу слаб болид. Тимот нема победа на трка од крајот на 2012 година, а шест сезони без победа е двојно повеќе од нивниот најлош период во историјата.

Се беше добро се додека не почнав да се тркам за екипата, а потоа ги имавме двете најужасни сезони во историјата на Мекларен. Во однос на тоа, не беше идеално. Но за жал, тоа не можев да го променам.

Не сум тука да се жалам или да плачам, едноставно гледам напред на можностите – додаде Стофел.

Вандорн имаше најдобар пласман од 7мо место во двете години во Мекларен, минатата година во Сингапур и Малезија. Тој вели дека е задоволен со тоа што го постигнал пред неговото учество во Формула 1 со тимот подржан од Мерцедес, HWA.

Секогаш постојат високи моменти. Оваа година, Бахреин беше мојата најдобра трка, каде бевме последни во првиот круг, а успеавме да стигнеме до поени.

Мислам дека Мексико беше добро, а Бразил исто така беше една од моите најдобри трки. Понекогаш не сте наградени со поени.

Високиот момент беше стартот на 2018 година. Дојдовме во Мелбурн многу неспремни. Се изгледаше добро за следната трка од сезоната, но за жал, не се одвиваше како што сакавме. Сепак, среќен сум со тоа што го постигнав – заклучи Вандорн.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.