Возачот на Мекларен, Стофел Вандорн, се надева дека откажувањето од ланската трка во нема да се повтори и во Недела на тоа што е последна можност за него да вози Формула 1 болид на патеката Интерлагос.

На трката во 2017 година, Вандорн имаше судар во почетниот дел по контакт со Даниел Рикардо и Кевин Магнусен, поради што мораше да се откаже од трката.

Минатата година, моето искуство во Интерлагос беше кратко, имав судар во првиот круг и бев приморан да се откажам, така што се надевам дека нема да има повторување на таа ситуација за мене или за Фернандо викендов.

Од времето кое го поминав на патеката, мислам дека е навистина интересна патека и јасно е зошто толку возачи од историјата ја сметаат за една од најдобрите во светот. Брза е и навистина може да се нападне во свиоците.

Поените во Мексико беа добар момент за тимот, а и јас и Фернандо ќе целиме кон солидни перформанси во Бразил. Вообичаено, ќе работиме напорно на подготовките и стратегијата за да го постигнеме најдобриот можен резултат пред бразилските фанови – вели Вандорн.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.