Вандорн: Не можев да го избегнам контактот

78
   

Стофел Вандорн од Мекларен изјави дека немало начин како да го избегне контактот во првиот круг од Австриското Гранд При.

Вандорн се бореше со Серхио Перез во третиот свиок кога имаше контакт со Пјер Гасли и неговото Торо Росо. Предното крило беше оштетено и тој мораше да влезе во бокс и излезе на крајот од колоната.

Тоа беше нормален тркачки инцидент во третиот свиок со три-четири болиди еден покрај друг поставени паралелно. Немаше начин да се избегне контактот. По боксот излегов на крајот од колоната и веднаш добивав сини знамиња бидејќи водечките ме престасаа.

Беше многу фрустрирачки кога ги пропуштав другите болиди. На крајот имав неколку чисти кругови на крајот и успеав да престигнам неколку болиди. Болидот имаше добро темпо ако се погледнат времињата и мислам дека бевме поконкурентни отколку на квалификациите. Тоа е плус – објасни Вандорн.

Ова е петта последователна трка за Вандорн каде тој не освои поени. Во моментов е на 16 позиција во генералниот пласман.


Вандорн: Не можев да го избегнам контактот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>