Вандорн “не заборавил да вози“

162

Стофел Вандорн истакна дека “не заборавил да вози“ откако ја заврши квалификациската сесија во Германија на последното место. 

Вандорн беше најбавен на петочните тренинг сесии, позиција која ја повтори и во квалификациите, додека во меѓувреме Мекларен работа повеќе од дозволеното во обид да ги исправат проблемите на неговиот болид.

Фернандо Алонсо потврди дека ова е втора трка по ред во која имаат пониско ниво на потисна сила од очекуваното, како и проблем со болидот на Вандорн и побара тимот да најде решение.

Иднината на белгиецот во Формула 1 останува нејасна и ова е четвртта трка по ред во која тој не успеал да избегне елиминација во К1.

Денешната ситуација беше идентична со Силверстон. Таму бевме најбавен болид со големо закаснување, а истото е случај и тука. Фрустрирачки е што променивме многу делови на болидот во обид да ги поправиме проблемите, но не најдовме решение.

Дефинитивно не сум заборавил како да возам. Помеѓу мене и Фернандо, болидите се идентични, но имаме проблеми со мојот.

Тимот веќе направи големи напори да промени делови, но изгледа дека не се движиме доволно нанапред. Тимот сега разгледува други опции.

Приоритет е да се најде решение на проблемот кој го имаме. Во трката немам што да изгубам, така што единствен начин напред е да го извлечеме максимумот – изјави Вандорн.

Вандорн ќе стартува од 19 место по казната на Даниел Рикардо, кој ќе стартува последен.


Вандорн “не заборавил да вози“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>