Поранешниот возач на Мекларен, Стофел , откри дека не брза да најде место во Формула 1 и повторно да се врати на Гранд При тркањето.

Белгиецот мина две години во Вокинг крај двократниот првак Фернандо Алонсо, се мачеше да се докаже, но за волја на вистината, на располагање имаше и очаен болид. Алонсо замина од тимот на крајот од 2018 година, но во Вокинг се решија за комплетно нова возачка постава за престојната сезона.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Стофел мина во електричната Формула Е тркачка серија каде вози за ХВА тимот кој е целосно поддржан од Мерцедес, а паралелно е и возач во симулаторот на “сребрените стрели“. 26-годишникот имаше тежок почеток во електричната серија, заврши на 16то место на првата трка во Саудиска Арабија, а во Мароко и во Чиле не ни заврши.

се наоѓам во целосно различна околина и навистина уживам, порелаксиран сум поради начинот на кој возачите се однесуваат еден со друг и поради тоа што нема политика во падокот. не сум очаен да се вратам во формула 1 затоа што таму е многу непредвидливо.

Ако го погледнете ланскиот пазар на возачите во формула 1 и што таму се случи, се беше многу непредвидливо така што никој не знае ни оваа година што ќе се случува. некои мислеа дека ќе останат таму, но повеќе не се, а други не се ни надеваа дека ќе возат таму, а најдоа место – изјави вандорн.

И покрај начинот на кој заврши неговата Формула 1 кариера, тој не жали за својот престој во Вокинг.

дефинитивно тоа не беше најдобар момент во мојата кариера затоа што претходните години немав никакви проблеми, но излегов посилен. има многу работи кои самиот не можев да ги контролирам, но мојот карактер стана посилен и продолжувам понатаму. не можам да го променам тоа што се случи, но и не жалам за ништо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.